СИГУРНОСНИ ВРАТИ  ППВ Б1-30

Сигурносната врата, производ на ТЕНЗОР-Скопје, се состои од метална конструкција изработена од челични профили 40х20мм. Профилите образуваат решетка двострано пунктирана со декапиран лим 2х =1,00мм. Внатрешоста на конструкцијата е исполнета со  тврдопресуван тервол со д=40мм за термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30 минути.
 
Металната конструкција е двострано обложена со глатка оплеменета иверка ¹16мм или со медијапан фурниран, апликативно резбарен. Со ова се дефинира надворешниот изглед на сигурносната врата. Бојата и апликативната резба е по избор на нарачателот. Во вратата е вграден сигурносен систем Securemme-Италија модел 2530, за повеќестрано забравување со касови клучеви и точкасто кодиран цилиндер Corbin-Black&Decker--Италија. Забравувањето со сигурносниот систем е на 5 точки кај бравата, на 2 точки ниско долу странично со девијатор, горе вертикално на 1 точка и од задната страна (кај шарките) на 3 точки со фиксни болтови. 
 
Металниот довратник е изработен од апкантуван декапиран лим =2,00мм. електростатски фарбан во боја по избор на нарачателот. Во основниот облик на сигурносната врата е вградено магично око со видно поле од 180˚ производ на Securemme-Италија, рачките и розетните можат да бидат од полиран месинг или матиран хром. Овие елементи се производ на Cotalli-Италија. Вградувањето е сувомонтажно со анкерисување и заварување на анкерите и пурпенирање за термичка и звучна изолација помеѓу металната каса и ѕидот. 
 
Сигурносната влезна врата ПП Б1-30 е изработена во согласност со стандардите за технички мерки за заштита од пожари МКС У.Ј1.160 кој е поврзан со стандардите МКС У.Ј1.070 и МКС У.Ј1.200, кои се пак во склад со меѓународните стандарди ИСО 834 и ЕУР 8750. 
Сигурносната влезна врата ПП Б1-30 е атестирана  и сертифицирана во Рударски институт - Скопје, ТЕХНОИНСПЕКТ - Скопје, број на сертификат 0802-55/02.
 
ИЗНОС:
1. Сигурносна врата ПП Б1-30 со тесна метална каса д≤140мм рамна - без резба
2. Сигурносна врата ПП Б1-30 со широка метална каса д≤300мм рамна - без резба
3. Сигурносна врата ПП Б1-30 со тесна метална каса д≤140мм со апликативна резба
4. Сигурносна врата ПП Б1-30 со широка метална каса д≤300мм со апликативна резба
 
 
ГАРАНЦИИ:
Сигурносните врати се со гарантен период од 2 години.  Обезбеден сервис надвор од гарантниот рок изнесува 10 години. 
 
ТЕНЗОР-Скопје Ви стои на располагање за сите подетални информации.
Travel Turne Tranzito